Новиот „крал“ доаѓа од редовите на Челси!?

фото: твитер

Канте од 2016 година има 123 натпревари и девет голови за лондонската екипа, освојувајќи ги по еднаш Премиер лигата, ФА купот и Лигата на Европа.

Лондонските „сини“ се активни на трансфер пазарот и ова лето се очекува да ги направат вистинските потези за подобри резултати во следната сезона. Како што информира британскиот „Тајмс“, Челси е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Н`Голо Канте.

Менаџерот Френк Лампард со можната продажба на Французинот веќе размислува за нови трансфери на „Стемфорд бриџ“, а се шпекулираат имињата на Каи Хаверц и Бен Чилвел.

Канте од 2016 година има 123 натпревари и девет голови за лондонската екипа, освојувајќи ги по еднаш Премиер лигата, ФА купот и Лигата на Европа.

Челси претходно ги обезбеди услугите на мароканскиот фудбалер за врска во нападот Хаким Зијеш од Ајакс и напаѓачот Тимо Вернер од Лајпциг.

Моментно според „Трансфермаркт“ вреди 80 милиони евра и се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот