Нови жаришта во Кина и Јужна Кореја: Дали ни се заканува втор бран од коронавирусот?

Кина ќе започне кампања за промоција на мандаринскиот јазик, а целта е до 2025 година да го користи 85 отсто од населението/Фото: Profimedia

Во моментот кога животот почна да се враќа во нормала, забележани се нови случаи на коронавирусот.

Новите жаришта на коронавирусот во Кина и Јужна Кореја загрижуваат заради очигледната способност на вирусот да продолжи неприметливо да се шири.

Соеул, Јужна Кореја / Април 2020 / Фото: EPA-EFE/YONHAP

Иако тој број е далеку помал од оној кој секојдневно се пријавува ширум западна Европа и САД, враќањето на вирусот, особено во град со толку интензивен надзор и рестрикции како што е Вухан, ја доведува во прашање одржливоста на повторното отворање на градовите, пишува Си-Ен-Ен.

Кина и Јужна Кореја ја совладаа епидемијата на коронавирусот благодарејќи на мерките за социјално дистанцирање и силен надзор, но баш во момент кога животот почна да се враќа во нормала во тие земји, се појавија нови резервоари на заразата.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин предупреди на втор бран на епидемијата, откако дојде до пораст на бројот на нови случаи, што се поврзува со ноќните клубови во Сеул, кој ги посетувал маж во доцните 20-ти години, за кој испаднало дека е позитивен на вирусот.

Во Кина исто така се воведени нови рестрикции, откако во два града се појавија нови случаи на коронавирусот.

 Ученици со маски го напуштаат училишниот објект по завршувањето на часовите во Гуангжу, Гуангдонг, Кина / 27 април 2020, Кина / Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Градот Шулан во провинцијата Јилин во североистокот вовел мерки за затворање откако биле потврдени 11 заразени. Јилин се граничи со Русија и Северна Кореја, заради што во таа провинција и претходно владееше загриженост за увезени случаи.

Уште поалармантно е што нови случаи се појавија во Вухан од каде почна епидемијата, а кој на крајот на минатиот месец почна да се враќа на релативно нормалниот живот по 76 дена изолација.

Градските власти пријавиле пет нови случаи, од кои сите се локално пренесени.

Можеби новите случаи ќе бидат брзо сузбиени, но тоа што двете земји кои, како што изгледаше дека ја држеа епидемијата под контрола, пријавија нови случаи на локално пренесување, мора да загрижува, наведува Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот