Нови еко-играчки за сите градинки во Карпош

Со цел да се обноват играчките за најмладите, но и да им се овозможат материјали со кои ќе ги развиваат когнитивните вештини, полесно да спознаваат и да учат за појавите, денеска на  претставниците на сите градинки на територијата на Општина Карпош им беа доделени нови еко-играчки, интерактивни „smart” табли и дидактички материјали. Од општината велат дека овие паметни и интерактивни табли овозможуваат развој на моториката кај децата, учење на боите, на бројките и логично решавање на секојдневни ситуации.

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев при посетата во новата градинка „Виножито” во Бардовци, истакна дека локалната самоуправа и во 2020 година става значаен акцент на раниот детски развој и на унапредувањето на условите во предучилишното образование.

– Минатата година добивме нови занимални во „Мајски цвет” (Тафталиџе 2), а беше реконструирана и главната кујна во „Орце Николов” (Карпош 3). Дополнително, се работеше и на обнова на тоалетите во градинката „Пролет” во Влае, посочи градоначалникот Богоев.

На крајот на 2019 година, истакна тој, потпишавме договор за доградба и проширување на „Орце Николов” во Карпош 3, а ќе следи и надградба на градинката „Распеана младост”, во Карпош 1. Богоев посочи дека целта им е да ги зголемат капацитетите за згрижување на деца и да овозможуваат квалитетно и сеопфатно предучилишно образование.

Снабдувањето на новите еко-играчки е активност на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита која се спроведува еднаш во годината, а купувањето на дидактичкиот материјал за градинките е од средства од Буџетот на Општина Карпош.

Локалната самоуправа за тековната 2020 година предвидува и средства во висина од пет милиони денари за реконструкција на градинката „Мајски цвет”, објектот во Тафталиџе 1, како и два милиони денари за други, тековни реконструкции по градинките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот