Нови 18 случаи на коронавирус во Албанија

Во Албанија се регистрирани 18 новозаразени со коронавирус, со што вкупната бројка се зголеми на 277 лица.

– Во последните 24 часа се тестирани 96 сомнителни случаи, при што 18 се потврдени. До денес, тестирани се 1.919 сомнителни случаи, позитивни со „Ковид-19″ се 277 случаи, од нив осум се деца. Просечната возраст на заразените е 50 години. Добра вест е дека во последните 24 часа имаме девет излекувани пациенти или вкупно 76 лица, изјави Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.

Според неа, претпладнево починал 78-годишен маж од Драч, со што бројот на починатите се зголемил на 16 лица.

Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 81 пациент, од кои осум се на интензивна нега, додека четворица од нив се интубирани. Останатите пациенти се во стабилна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот