Новата холандска влада положи заклетва 299 дена по изборите

фото МИА

Четвртата влада на холандскиот премиер Марк Руте денеска положи заклетва, рекордни 299 дена по последните избори и една година откако неговата претходна администрација беше принудена да поднесе оставка.

Новата коалиција вети „дарежлива распределба” за одржлива енергија, домување, грижа за деца и образование, но прво ќе треба да се справи со здравствената криза, бидејќи има рекордно ниво заразени поради варијантата Омикрон.

Владата до петок треба да одлучи дали, и покрај бранот нови случаи на коронавирус, може да се олесни заклучувањето, кое ги затвори повеќето јавни места од средината на декември.

Иако коалицијата се состои од четири партии кои водат од 2017 година, беа потребни речиси 10 месеци за да се обединат по неуспешните избори на 17 март 2020 година, што ја зголеми неподготвеноста на партиите за компромис.

Минатиот месец, партиите конечно се договорија за состав на влада.

Руте, кој беше назначен за премиер во 2010 година, и унгарскиот премиер Виктор Орбан се лидери на владите со најдолг стаж во Европската унија<

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот