Новак Ѓоковиќ не е прв фаворит за освојување на титулата на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

По завршувањето на жрепката за претстојниот „Ролан Гарос“ (28 мај – 11 јуни), букмејкерите реагираа и ги објавија првите коефициенти за освојување на вториот Грен слем во низа во сезоната.

Моментно тенисерот број еден во светот, младиот Шпанец Карлос Алкараз е првиот фаворит за освојување на титулата. Шансите за негов триумф се во просек околу 2,5.

Втор фаворит на турнирот е Србинот Новак Ѓоковиќ, кој има просечен коефициент 3,5.

Другите конкуренти се далеку зад овие двајца. Холгер Руне за нијанса е пред Данил Медведев. Коефициентот на Руне е 10,5, а на Русинот 11. По нив следат Јаник Синер (14), Каспер Руд (21), Стефанос Циципас (21) и Александар Зверев (34).

Со фактот дека Ѓоковиќ и Алкараз не можат да се сретнат во финалето, бидејќи се во ист дел од жрепката, доведе до тоа дека најмал коефициент за двојките Алкараз – Руне, Алкараз – Медведев и Ѓоковиќ – Руне.

Новак Ѓоковиќ е најомразениот тенисер на социјалните мрежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот