Нова студија: 90 проценти од пациентите ќе имаат нов вид на ковид 19 до средината на јануари

epa08889969 Shoppers in Covent Garden in London, Britain, 17 December 2020. The highest tier for coronavirus rules, Tier 3, has been extended across southern England ahead of the Christmas break. British Prime Minister Boris Johnson has urged people to keep Christmas celebrations short and small to reduce the risk of spreading Covid-19 coronavirus over the festive period. EPA-EFE/NEIL HALL

Англија може да има повеќе смртни случаи во првата половина на 2021 година отколку во 2020 година, ако не ја забрза програмата за вакцинација и ако не воведе уште построги мерки против вирусот корона, се вели во анализата на лондонското училиште за хигиена и тропска медицина.

Научниците направија студија, користејќи претходни податоци и математички модел, за да се предвиди текот на пандемијата по откривањето на многу заразниот вид на ковид 19.

Ако продолжат сегашните трендови, научниците дошле до заклучок дека 90 проценти од пациентите ќе имаат нов вид на ковид 19 до средината на јануари.

Тие разгледаа што ќе се случи под различни рестриктивни мерки и заклучија дека ако цела Англија се стави под рестриктивно ниво четири помеѓу 26 декември и 31 јануари, бројот R не може да падне под еден, пренесува Гардијан.

Бројот R го означува просечниот број на луѓе кои може да зарази една личност, а кога тој број е над еден, тогаш е присутен експоненцијален раст.

Единственото сценарио што би го намалило влијанието врз здравствениот систем е да се воведе ниво четири од 26 декември, да се затворат училиштата до крајот на јануари и да се вакцинираат два милиони луѓе неделно.

Студијата, која допрва треба да се разгледува и објавува во академското списание, беше презентирана пред индивидуалните здравствени организации.

Научниците исто така велат дека новиот вид, кој се појави во Лондон, на исток и југоисток од Англија, е за 56% позаразен од претходниот, но нема индиции дека е посмртоносен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот