Нова катастрофа во бегалскиоот камп на Лезбос (ВИДЕО)

Само еден месец по катартофалниот пожар во бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос денес се случи уште една трагедија. Привременото засолниште за мигранти и баратели на азил  е поплавено, вторпат во рок од една недела.

Шаторите и контејнерите се поплавени и калливи, објавија грчките медиуми. Мигрантите се очајни и се сомневаат дека постои план како ќе ја презимат зимата. УНХЦР и грчките власти бараат подобро решение за сместување на овие луѓе.

Кампот Кара Тепе, кој прими мигранти од озлогласениот и пренатрупан логор Морија, кој изгоре минатиот месец, беше поплавен во силни дождови и минатата недела.

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) објави дека во моментот се сместени околу 7.800 бегалци и мигранти во кампот Кара Тепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот