Нова хорор серија: Ќе може да се гледа само на мобилен, но КОГА ЌЕ СЕ СТЕМНИ!

Хорор серијата на Стивен Спилеберг „After dark“, ќе се емитува само откако ќе се стемни.

Програмерите на новата стриминг-платформа Quibi развиле внатрешен часовник во апликацијата, која предвид ќе ја зема локацијата на мобилните телефони, и преку неа ќе се пресметува кога ќе зајде сонцето.

Стриминг сервисот ќе покажува кога е достапна серијата, а ако надвор е мрак, апликацијата ќе ги одбројува часовите до заоѓање на сонцето.

Епизодата ќе биде отклучена кога сонцето ќе зајде, а на изгрејсонце повторно ќе биде заклучена.
Ако сте прошуштиле епизода ќе мора да почекате до следната ноќ.

Новата стриминг-платформа Quibi наменета само за мобилни телефони е специјализирана само за серии чии епизоди траат кратко во просек 10-20 минути. Претплатата ќе чини пет долари месечно, а идејата е режисерот да има можност да осмисли интересна испорака на неговата содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот