Нова дефиниција за луксузен комфор – Версаче бањарка

Уживањето во комфорот, без губиток на шик факторот, сега стана уште полесно…

На сцена стапуваат I love Barogue бањарките на брендот Versace кои ќе го редефинираат луксузниот комфор, додека ви даваат прилика да оставите вистински моден впечаток со кој можете да се истакнувате.

Направени од 100 отсто чист памук, овие раскошни бањарки се дефинитивно остварување на соништата за сите љубители на брендот.

Инспирирани од класичната барокна ера каде архитектурата и уметноста владеат, новите Versace бањарки се креирани од нежен, памучен фротир, со Versace логото преку целата своја површина. Тие исто така содржат и принт од славната глава Медуза, која е симбол на моќта и силата од грчката митологија. Покрај црно-златните ракави, реверот, ременот и џебовите, оваа бањарка зрачи од луксуз од секој можен агол.

 

Наш фаворит е секако жолтиот модел, но мораме да нагласиме дека овие бањарки се достапни и во други кралски нијанси – од бела до префинета темно сина, содржејќи ги истите детали и големини. За сега, тие можат да се купат преку онлајн продавницата на брендот, по цена од 424 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот