Нова деценија на должничка криза – кои земји ќе доживеат бавна фискална смрт

Високите каматни стапки во последните две години го влошија проблемот со сервисирање на долгот Познатиот економист Артур Лафер зборуваше за една деценија должничка криза, коментирајќи за ЦНБЦ дека глобалното задолжување достигна рекордни 307,4 трилиони долари, пренесува То Вима.

Според него, светот ќе доживее должничка криза која ќе трае во следните 10 години и нема да … заврши добро.

Високите каматни стапки во изминатите две години го влошија проблемот со сервисирањето на долгот, при што и земјите со високи приходи и земјите во развој веќе го зголемија својот долг за 100 трилиони долари, во споредба со пред една деценија. Но, овој тренд нема да заврши добро“, изјави Лафер, кој е претседател во советодавната компанија за инвестиции и богатство, Лафер Тенглер Инвестментс, за ЦНБЦ.

Како што објасни Лафер, владите ќе мора да покријат значителни исплати на долгови, што значи дека ќе мора да ги намалат трошоците за виталната социјална инфраструктура, вклучително здравството, образованието и социјалната заштита.

Оние кои ќе успеат да ја подобрат својата фискална ситуација ќе имаат корист со привлекување на работна сила, капитал и инвестиции, додека оние што не ќе успеат ќе загубат многу, рече Лафер, оценувајќи дека овие земји ќе доживеат бавна фискална смрт или дури и неплаќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот