Нов земјотрес утринава го погоди градот Петриња

Земјотрес / Фото: Илустрација

Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7.50 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб.

Првично во емисија на хрватската телевизија било објавено дека е со јачина од 4.7 степени по Рихтер.

Земјотресот се  случил додека во емисија со телефонско јавување гостувала заменичката на градоначалникот на Глина, Бранка Бакчиќ Митиќ. Таа прва го почувствува потрес. „Еве го повторно“, извика таа околу 7:50 часот, а потоа се почувствувал потресот и во студиото во Загреб.

Областа околу Петриња во Хрватска и претходно денеска беше погодена од земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтеровата скала. Потресот беше регистриран во 4.20 часот утрово на два километра североисточно од Петриња.

Хрватски сеизмолог: Многу е мала веројатноста од нов силен земјотрес во Петриња и загрепското подрачје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот