Хрватски сеизмолог: Многу е мала веројатноста од нов силен земјотрес во Петриња и загрепското подрачје

30 декември 2020. Петриња, Хрватска / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук изјави дека е мала веројатноста дека може да се случи нов силен земјотрес во областа Петриња и во загрепското подрачје.

Тој за РТЛ синоќа изјави дека загрепските и петрињските раседи не се директно поврзани во смисла дека движењето на едното директно ќе го поттикне движењето на другото.

Тој објасни дека земјотресите во таа област постојано се случуваат и дека не постои начин да се предвиди дали еден или неколку земјотреси што се случиле во иста епицентрална област значат почеток на серија и дека ќе следи некој посилен земјотрес.

– Потребно е време и многу енергија за да се генерира земјотрес со толкава јачина. Сега имаме многу причини да веруваме и многу е веројатно дека тоа што се случи сега го потроши огромното мнозинство енергија и дека е многу малку веројатно дека ќе се случи уште еден таков земјотрес. Истото важи и за загрепската област, изјави Кук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот