Нов, крајно необичен симптом на коронавирусот кој почнуваат да го пријавуваат заболени ширум светот

Болничари во Србија / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Њујорк пост пишува за новиот симптом на коронавирусот кого го пријавиле повеќе од половина од пациентите кои имале потешка клиничка слика за време на заболувањето.

Споредниот симптом за кој пациентите сè почесто пишуваат на социјалните мрежи е таканареченото зуење или шуштење во телото што претставува нов, мистериозен знак на коронавирусот.

Докторите за Њујорк пост објасниле дека овој симптом веројатно е последица на фактот дека телото се бори против болеста.

Еден човек на Твитер симптомот на зуење го опишал како „чувство на електрицитет на кожата“.

Тарана Бурки, позната како основач на движењето #MeToo, објави дека нејзиниот партнер се заразил со вирусот и тоа искуство го опишува како едно од најстрашните. Во рок од три дена, состојбата се променила откако се чувствувал слабо па кренал висока температура.

 

Во следниот твит се надополнува пишувајќи за симптом кој се појавил пред да ја крене температурата, а за кој не прочитале досега: чувствителна кожа. Имал чувство како кожата да му гори и дека користел крема на база на алое, која инаку се користи за изгореници од сонце.

И инфлуенсерката Ариел Чарнаш објавила пост во кој пишува за „чувствителната кожа“ кога првпат почувствувала симптомите од болеста.

Aриел Чарнаш со нејзината ќерка

„Не можев да претпоставам дека сум се заразила со Ковид-19 бидејќи ги немав вообичаените симтоми за кои имав насекаде прочитано“, пишува Ариел во еден од објавите кои ги сподели на нејзиниот инстаграм-профил деновиве. Таа била загрижена за своите деца и се тестирала, а откако резултатот излегол позитивен, се изолирала во друга соба од домот. Како што пишува во објавата, почувствувала и болка во градите, лесна форма на треска, главоболка,чувство на притисок во синусите и општа телесна слабост, а го изгубила и апетитот и осетот за мирис и вкус. Сепак, особено истакнува дека токму чувствителната кожа ја држела будна навечер.

View this post on Instagram

?

A post shared by Arielle Charnas (@ariellecharnas) on

Докторите велат дека овој симптом не е многу чест, а го објаснуваат како дел од автоимуниот одговор кој влијае на нервниот систем на пациентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот