Нов црн рекорд во Франција: Повеќе од 50.000 новозаразени, ситуацијата во болниците се влошува

Ковид состојба во Париз, Франција/ Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

Франција во претходните 24 часа регистрираше 52.010 новозаразени со коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти француското Министерство за здравство.

Новиот најголем дневен биланс го надмина бројот на новозаразени кој беше потврден во сабота -45.422, пренесува Ројтерс.

Бројот на заразени со коронавирус во таа земја е зголемен на 1.138.507, а починати на 34.761, откако во претходните 24 часа се пријавени 116 нови смртни случаи од последиците на ковид-19.

Франција моментално се наоѓа на петтото место во светот по бројот на заразени со коронавирус, после САД, Индија, Бразил и Русија.

Здравствените власти во Париз предупредија дека вирусот се шири и тоа забрзано, а дека ситуацијата во француските болници е се полоша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот