Нов црн рекорд во Турција, повеќе од 93.000 случаи на коронавирус за 24 часа

Медицинско лице во Турција / Фото: EPA

Турција забележа 93.586 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, што е најголем дневен број за време на пандемијата, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.

Во истиот период имало 210 смртни случаи поврзани со Ковид-19, покажуваат податоците на турските здравствени власти, што е највисоко од почетокот на декември и повеќе од 174 регистрирани претходниот ден.

Дневните случаи во последните недели се искачија на рекордно ниво со ширењето на сојот омикрон, но министерот за здравство, Фахретин Коча, верува дека новата варијанта на коронавирусот ќе ја намали сериозноста на пандемијата поради пониските стапки на хоспитализација.

„Вирусот не е толку силен како порано. Нема потреба да се грижите за зголемениот број зарази“, напиша Коча на „Твитер“ повикувајќи го населението уште еднаш да се вакцинира.

На крајот на декември дневниот број на случаи во Турција беше околу 20.000 лица пред да се зголеми бројот на инфекции поради омикрон-сојот, пишуваат агенциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот