Нормално дека го покажувам задникот, Ферари нема да чувате во гаража

Кади Сањиа е атлетичарка од Гамбија која се натпреварува под заставата на Шведска, а вниманието го привлекува и во прекасното тело.

Сањиа (26) е најдобра шведска атлетичарка во скок во далечина. Мајка и е од Гамбија, но Кади се родила во Шведска и поради тоа настапува под заставата на европската држава.

Освен што е најдобра шведска атлетичарка во скок во далечина многумина и замеруваат, а посебно тоа се случи по Европското првество во Берлин (2018 година), на опремата во која настапува. Според фановите, нејзината гардероба, односно гакичките во кои настапува, повеќе открива отколку што сокрива.

„Многумина уживаат во прекрасното тело, но ова е на граница на невкусот“, напиша финскиот спортски новинар, Лаури Холо, кој подоцна и се извини на Кади и ѝ објасни дека нема ништо против неа туку има замерки за минијатурните гакички во кои настапува.

Кади Сањиа/Инстаграм

По настапот на ЕП во Берлин кога беше седмопласирана, Кади Сањиа бележи напредок во резултатите, но не ја менунва гардеробата. Таа годинава прескокна 6.92 метри што е меѓу најдобрите резултати во скок во далечина.

Кади Сањиа/Инстаграм
Кади Сањиа/Инстаграм

– Мојата гардероба во која настапувам е иста големина како и кај останатите атлетичарки. Разбирам дека луѓето зборуваат за тоа, но повеќе би сакала да зборуваат за моите резултати. Нормално дека сакам да го покажувам своето тело. Вежбам секој ден. Доколку купите Ферари, нема да го држите во гаража, така? Така е и со моето тело, тоа е моето Ферари – вели Сањиа.

Кади Сањиа/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот