Нора Шакири: „Носам најубав дечко на свет“

„Иако, да бидам искрена, имав неопислива желба да родам една мала Нора, носам најубав дечко на свет. Но некои жени не раѓаат женски деца“, вели за „Женски печат“ Нора Шакири, која во април очекува да добие нова улога – мајка. За проблемот со тироидата и како го надминала, за режимот на исхрана, за тоа како се носи со бременоста, дознаваме од разговорот со неа.

Дали си на посебен режим на исхрана во бременоста? Има ли некоја храна што не си ја јадела, а сега ја јадеш и обратно?

– Не, не сум на никаков режим на исхара, не бев ниту пред бременоста, ниту пак сега. Јадам сè што јадев и претходно, а она што е задолжително секое утро, и пред бременоста и сега, е смути кое го правам со сè што ќе најдам во фрижидер, додавам куркума, цимет и ѓумбир и имам здрава бременост.

Се движиш ли, активна си?

– Многу се движам, иако сега пред крајот станува доста напорно, но издржувам. Не застанав со ниту една активност, од сабајле до вечер сум на нозе и среќна сум што сум ваква трудница.

Колку килограми додаде?

– Да бидам искрена, појма немам дали и колку килограми имам додадено (се смее). Мислам, по моја проценка, некои 6-7 килограми досега, до осми месец. Но можеби тоа ќе се дуплира во последниот месец. Воопшто не се оптоварив со килограмите и можеби затоа и не сум накачила нешто премногу.

Како го надмина проблемот со тироидата?

– Со редовни контроли, редовна терапија и редовно користење на златниот зачин куркума, јас сум сега во топ форма.

Се знае ли полот и како сакаш да се вика бебето?

– Носам најубав дечко на свет, иако имав неопислива желба да родам една мала Нора, но некои жени не раѓаат женски деца (се смее).

Напорно ли ти е на работа, како издржуваш, дали ти се спие?
– Ми станува сè понапорно, но издржувам, бидејќи имам и супер работа и супер екипа околу себе, па уморот и денот брзо поминуваат, инаку, даааа, премногу ми се спие.

Каква нега на кожата практикуваш?

-Хм… каква нега практикувам, со оглед на тоа дека имам баш сува кожа, користам кокосово органско масло и супер ми е.

Ти влијае ли бременоста на расположението?

– Расположението е нешто што на секоја трудница ѝ варира, се изнаслушав сè за фазите на бременост и расположение. Но морам да признаам, очекував да бидам неподнослива, сепак, јас сум она спротивното, сталожена, мирна и многу малку плачлива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот