Низ пристаништето Валона, викендов поминаа над 4 илјади патници и 976 возила

Фото: Besara1 / Wikimedia

Летната сезона продолжува да носи зголемен проток на патници до пристаништето Валона, Албанија. Само викендов пристигнаа 4.077 патници и 976 возила“, соопштија од пристаништето Валона.

Викендот од 14 до 15 август на пристаништето во Валона влегле 10.003 патници и 2.144 возила. Додека во текот на месец јули влегле 18.231 патник, 1396 повеќе од 2022 година или 8% повеќе“. Пристанишните власти во текот на целата туристичка сезона со висок интензитет работат на прево на патници и возила.

Се дознава дека се преземени сите мерки за што подобро опслужување на протокот на патници, особено за време на туристичката сезона. Валона се повеќе за време на туристичката сезона се претвора во една од најомилените дестинации за домашните и странските посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот