Ниту Халанд, ниту Левандовски: Напаѓачот на Бодо води во трката за „Златната копачка“

Фото: FK Bodø/Glimt/Twitter

Дефитивно фудбалската сезона во Европа на почетокот помина во знакот на Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд, напаѓачите на Барселона и Манчестер Сити играат во фантастична форма.

Сепак, во трката за „Златната копачка“ изненадувачки во овој момент тие му гледаат во грбот на Амал Пелегрино од редовите на Бодо/Глимт. Напаѓачот на Бодо во досегашниот дел од сезоната постигна 23 гола кои му носат 34.5 поени.

Халанд со 17 голови во Премиер лигата има 34 поени со што е на второто место. Роберт Левандовски е на третата позиција со 12 постигнати голови во шпанската Ла Лига.

Како и да е и понатаму фаворити за оваа награда остануваат Полјакот и Норвежанецот, очекувањата се двајцата да водат жестока трка до самиот крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот