Николовски: Современ систем за наводнување ќе добие Ранковце

Министерот за земјоделство ,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски, имааа средби со жителите и земјоделците од овој регион.

На средбите се разговараше за актулените состојби во земјоделството, предлозите на земјоделците како и мерките кои што МЗШВ ги презема за развој на земјоделството.

Општина Ранковце е една од локациите каде што ќе се спроведува проектот на Европската унија за изградба на „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“. Конкретно, во оваа општина се помош на финансиски средства од ИПА програмата на ЕУ, ќе се гради системот за наводнување на Славишко поле.

Министерот Николовски ги информираше земјоделците дека на почетокот на следниот месец, Делегацијата на Европската унија ќе го објави тендерот за избор на компанија изведувач на градежни работи и тендерот за надзор за системот за наводнување на Славишко поле, што е од витално значење за земјоделците од Ранковце.

Прочитајте и...  Конте ја одби понудата на „Атлантија“ за управување со патиштата

„Ова е еден меѓу првите проектите од проектот на ЕУ, а реализиран преку МЗШВ и овој проект ќе се реализира на неколку локации.Досегашниот систем за наводнување во Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој проект општината ќе добие модерен систем за наводнување и ќе се наводнуваат над 300 хектари. Лани направивме повеќе средби со земјоделците и жителите, направивме анализи и токму овие анализи покажаа многу позитивни резултати и во делот на заинтересираноста и во делот на ефектите кои би се постигнале со овој систем во однос на зголемување на приносите и промени на соодтвени култури со кои се занимаваат земјоделците.Со реализацијата на овој систем се создава можност да се одгледуваат и долгогодишни култури во овој познат земјоделски регион“, изјави министерот Николовски.

Прочитајте и...  Втор ден гласање на изборите за пратеници

Минатата година се изработи физибилити студијата за хидросистемот во Славишко поле, а вредноста на инвестицијата е 1 милион евра, пари кои се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ. Рокот за изградба на системот за наводнување е 1 година.

Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски минатата недела присуствуваше на годишното собрание на Националната федерација на фармери, каде што потенцираше дека се работи на долгорочна стратегија за земјоделството да биде стожер на македонската економија.

Прочитај повеќе

Откриено присуство на геноми на коронавирусот во отпадните води во Солун

Слободен печат

МЗ: Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво

Слободен печат

Армијата доби донација во заштитна опрема од Кина вредна 250.000 евра

Слободен печат

Врховниот суд на САД одобри извршување на првата смртна казна на федерално ниво после 17 години

Слободен печат

Вучиќ ги почна консултациите за формирање влада

Слободен печат

Заменик- префектот на Кукуш апелира до граѓаните да ги прекинат или ограничат патувањата во Северна Македонија

Миа Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЈО: Итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите

Слободен печат

Милева: Бугарското обвинителство е под невиден политички притисок

Слободен печат

Хрватската опозиција одби консултации со Пленковиќ

Слободен печат

Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Слободен печат

Трамп му честиташе победа на Дуда на претседателските избори во Полска

Слободен печат

Британската влада инвестира во истражување за нова нуклеарна технологија

Слободен печат