Николовски: Познати се дел од претпријатијата и агенциите што ќе се укинат!

Љупчо Николовски / Фото: Рики Пејковски - Слободен печат.

Дел од јавните претпријатија, агенции, фондови и слично, кои ќе се кратат или укинат се веќе познати, потврди вицепремиерот Љупчо Николовски, додавајќи дека во четиригодишниот мандат Владата постојано ќе крати и на трошоците и привилегиите, а ќе ја намалува и моќта на политичарите.

– Се работи на сите анализи и во рамки на проектите на МИОА со ЕУ за фузирање, спојување и намалување на бројот на институции. 2021 ќе биде година кога чекор по чекор ќе намалуваме или укинуваме институции што сметаме дека може да бидат споени со останати институции, агенции, фондови и слично. Од друга страна ќе ги јакнеме институциите што се витални, како што се Инспекторатите во овој период. Ќе се кратат и намалуваат, не само институции, туку и непродуктивни трошоци, но резултатите не може да бидат преку ноќ, изјави Николовски.

Вицепремиерот за спречување корупција додаде дека процесот на намалување на министерствата започнал со самото формирање на Владата, која ја оцени како мала, ефикасна и економична.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот