Николо Барела: Сите сте кловнови, никогаш не сум сакал да се обложувам

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерот на Интер, Николо Барела размислува да поднесе тужба против медиумите кои го поврзуваат со обложувачкиот скандал што ја потресе Италија изминатиот период.

Барела демантираше дека има некаква врска со скандалот во кој се вмешани Сандро Тонали, Николо Ѕаниоло и Николо Фаџоли до сега.

Преку социјалните мрежи Барела сподели статија во која весникот „Ла Верита“ (во превод – вистината) го споменува неговото име во обложувачки скандал.

Би очекувал малку посериозност од весникот „Ла Верира“. Единствената вистина е дека сте кловнови! Предолго молчев и покрај тоа што се пишуваше за мене овие денови. Никогаш не сум сакал коцкање, ниту обложување – напиша репрезентативецот на Италија и додаде:

Единственото нешто за што сум загрижен сега се моите ќерки и семејството, кои морам да ги заштитам од ова. Затоа денеска ќе преземам правна постапка“.

Барела има 26 години и игра на позицијата централен играч за врска, израсна во Каљари, а од 2019 година настапува за Интер. За италијанската репрезентација одигра 49 натпревари и постигна осум голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот