НЕВООБИЧАЕН БРАК: Која е девојката што одлучи да се омажи со најсуровиот сериски убиец на Балканот?

Фото: Профимедиа

Пред неколку дена во Хрватска како бомба одекна веста дека озлогласениот убиец на три лица Срѓан Млаѓан, кој веќе 21 година се наоѓа зад решетки, се ожени. Својата 26-годишна сопруга Елија Малнар ја видел само на фотографија, а нивната прва средба се случила во затворот, на денот на венчавката, објави српски „Телеграф“.

Пред тоа, тие редовно се допишувале, а кумови им се затвореници од затворот. Верувале или не, во затворите шрум светот се склопени илјадници вакви бракови, а затворениците и затвореничките преку различни Интернет-страни наоѓаат личности кои се подготвени за ваков тип на врска и брак.

Срѓан Млаѓан во 1998 година со истрели од автоматска пушка ладнокрвно и без причина ја застрелал 16-годишната Елизабета Шубиќ. Неколку дена подоцна, тој со калашников пукал кон чувар на еден пазар кој преживеал, а истата година ја убил и една пензионерка. Млаѓан ограби и банка, па е уапсен. Тој заработи казна од десет години затвор.

Првиот слободен викенд го добил во 2002 година. Отишол во Загреб и не се вратил во затворот, за потоа повторно да ограби една банка и за тоа време да застрела полицаец.

Според српски „Телеграф“, логично е да се постави прашањето каква личност може да одлучи да стапи во брак со затвореник чии кривични дела ја згрозија јавноста.

– Приказна како од филмовите. Постојат личности кои веројатно мислат дека со некоја своја активност и љубов ќе можат да направат нешто за да ја променат саканата особа. Од една страна, тие луѓе сметаат дека се толку моќни во некоја психолошка смисла сметаат дека токму тие ќе бидат оние кои можат да бидат причина за нечија целосна реконструкција. Од друга страна, тука е и фактот што таа избрала некого за кого знаела дека е негативна фигура и секако постои еден дел од нејзината личност што најверојатно не се восхитува на насилството, но можеби го одобрува. Големо прашање е дали и самата таа е полна со агресивни нагони кои не мора да ги исполнува, но така може цело време да биде во контакт со личност кој дефинитивно ги има – вели психологот Александра Јанковиќ во разговор за „Телеграф“.

Како што вели, во прашање е синдром на девојка на криминалец која од разбојник прави добар човек, но и самиот избор на партнер многу кажува, односно постои извесна девијација и проблем во самата структура на нејзината личност.

Исто така, се поставува прашањето како таа не се плаши дека би можела да стане една од неговите жртви.

– Таа ја има идејата дека на неа не може да ѝ се случи такво нешто и дека ќе успее да го држи под контрола. Тоа го смета поради фактот што таа не е една од оние кои го отфрлила и осудила за тоа што го направил, туку го прифатила и сака да има ексклузивна позиција во неговото срце, за притоа да биде безбедна и заштитена. Таа се надева дека утре по различни медиуми ќе се пишува за неа како голема спасителка и добра жена – смета психологот.

Уште поинтересен е фактот оти таа не се грижела за осуда од околината, па Јанковиќ вели дека дефинитивно станува збор за девојка која има тенденција да ја шокира и да ја изненадува околината.

– Тоа исто така е израз на некоја агресија. Таа сигурно има семејство и пријатели, и на овој начин им испраќа порака дека никој не е доволно довар, а тие ако ја сакаат ќе го прифатат нејзиниот избор. Тоа е многу агресивно, а таа очигледно бара внимание и популарност – вели Јанковиќ.

Од друга страна е Срѓан Млаѓан, кој со бракот со Елија ќе добие и можни законски поволности и можеби порано ќе излезе од затвор.

– Неговата позиција е повеќе од јасна. Некој што ги има направено сите тие работи е човек за кој е очигледно дека не стои добро со социјалните норми и може да крши сите правила, а со ова успева од општеството да извлече и дополнителни бенефити, и покрај сите негови злодела – заклучува Јанковиќ за „Телеграф“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот