Неверојатниот Јокиќ го чека супер максимален договор

Фото: EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Новиот договор на Никола Јокиќ ќе биде меѓу најголемите во историјата на НБА лигата.

Новинарот на ЕСПН, Боби Маркс, тврди дека Никола Јокиќ ќе добие „супермакс“ договор доколку оваа сезона биде избран во една од најдобрите три петорки во НБА лигата.

Јокиќ игра фантастично сезонава, има просек од 25.4 поени, 11.9 скокови и 9.3 асистенции по натпревар, статистика која го вметнува во трката за МВП наградите, а тоа исто така значи и избор во една од првите петорки во НБА лигата.


Фантастичниот центар во 2018 година потпиша петгодишен договор вреден 148 милиони долари, но сега може да договор потежок за 100 милиони долари.

Супер максимален договор моментно имаат неколку играчи, а најголем договор има ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумпо кој за пет години ќе заработи 228 милиони долари, а доколку се исполнат сите услови, сумата ќе се зголеми на 252 милиони долари.

Освен Јокиќ, нов супер максимален договор може да очекува и центарот на Филаделфија сиксерс, Џоел Ембид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот