Неверојатниот Харден израмни рекорд на Џордан (ВИДЕО)

EPA-EFE/GEORGE FREY

Џејмс Харден продолжува со неверојатните игри сезонава, а неговиот Хјустон рокетс веќе е во плејоф ритам. Хјустон со 149:113 го совлада Феникс, Харден уфрли 30 поени со 13 скокови, а неговиот тим даде дури 27 тројки. Сепак, натпреварот мина во знакот на Харден кој стана само вториот играч во историјата на НБА по Мајкл Џордан кој во една сезона постигнал 2.700 поени и имал по 500 скокови и 500 асистенции.

Бруклин нетс по триумфор од 108:96 над Индијана стана седмата екипа во Источната конференција која обезбеди пласман во плејфот. Деанџело Расел со 20 поени и Џо Херис со 19 поени се најзаслужни за победата која на Бруклин по пауза од четири години му донесе пласман во плејфот.

Резултати:
Кливленд – Сан Антонио 90:112
Минесота – Оклахома 126:132
Детроит – Шарлот 91:104
Индијана – Бруклин 96:108
Мемфис – Далас 127:129
Хјустон – Феникс 149:113
Милвоки – Атланта 115:107
Бостон – Орландо 108:116
Њујорк – Вашингтон 113:110
Голден стејт – ЛА клиперс 131:104
Портланд – Денвер 115:108
Сакраменто – Њу Орлеанс 129:133
ЛА лејкерс – Јута 113:109.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот