Несреќа во Словачка: Се преврте автобус од Украина, има повредени

Фото: EPA-EFE/Peter Komka HUNGARY OUT

Автобус од Украина денеска се преврте во Словачка при што повредени се осум патници, меѓу кои и деца, јавуваат украински медиуми.

Несреќата се случила на патот меѓу планинскиот премин Даргов и градот Сечовце, додека автобусот се движел кон украинската граница.

Во автобусот во моментот на несреќата имало 53 патници и двајца возачи, изјави украинскиот новинар Виталиј Хлахола, додавајќи дека повредените патници биле свесни и се здобиле со повреди на главата и екстремитетите, по што им била укажана лекарска помош во болниците.

Портпаролот на украинското МНР Олег Николенко изјави дека нема опасност по животот на повредените.

Останатите патници се превезени во градот Кошице, каде што чекаат да дојде друг автобус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот