НЕОБИЧНА СОРАБОТКА: Еве во каков заеднички проект се вклучени Опра и принцот Хари

Принцот Хари за 2020 година најави необичен и возбудлив проект во кој тој ќе соработува со познатата Опра Винфри.

Веста за нивната соработка ја објавил на официјалниот профил на Инстаграм, споделувајќи „возбудливи вести“ со своите следбеници.

Тој и Опра заедно ќе работат на серијал за ментално здравје, како партнери, креатори и извршни продуценти. Притоа, принцот изјавил дека доброто ментално здравје е клуч за сè.

„Голема е одговорноста ова да го направиме така како што треба да биде. Ќе ви презентираме факти и научни податоци околу свеста за темата која е толку релевантна во овие времиња“, напишал принцот.

Тој се надева дека соработката со Опра ќе биде позитивна, но и дека ќе допре до луѓето низ целиот свет, особено оние кои се соочуваат со ментални проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот