Нема скијање на Попова Шапка, се топи снегот

Ски-лифтовите и жичниците на Попова Шапка од денеска нема да работат затоа што се оштетени ски-патеките поради неповолните временски услови, информира ски-центарот. Деновиве снегот се топеше и значително се намали снежната покривка, а немаше нови врнежи.

– Ги информираме љубителите на скијањето дека од денеска (26.12.2020) ски-центарот Попова Шапка нема да биде во функција поради неповолните климатски услови од кои се оштетени скипатеките. Чекаме врнежи од снег. За каква било промена на состојбата навремено ќе известиме – соопштија од ски-центарот.

На 16 декември за првпат оваа зима беа пуштени во употреба  жичниците „Св. Илија” и „Церипашина” и ски–лифтовите „Аеродром” и „Ге”, откако претходно се работеше на подготовка на теренитеШестоседната жичница, која беше пуштена во употреба во февруари 2020 година,  не беше ставена во функција овој зимски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот