НЕМА МИЛОСТ ЗА ЏИХАДИСТИ: Тројца Французи осудени на смртна казна!

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда/ Фото: МИА

Тројца Французи се осудени на смртна казна бидејќи биле членови на Исламската држава, изјавил судијата на багдадскиот суд, кој учествувал во донесувањето на пресудата.

Станува збор за Кевин Гонота, Ленардо Лопез и Салим Мачо, кои во Сирија биле уапсени од припадници на арапско-курдскиот сојуз кој се бори против ИД.

„Осудени се на смртна казна бидејќи е докажано дека биле припадници на терористичката група на Исламската држава“, изјавил службеник на судот, сакајќи да остане анонимен, бидејќи не му биле дозволени изјави за медиумите.

Во рамките со ирачкиот закон, со кој смртна казна е предвидена за сите членови на терористичка организација, без разлика дали учествувале во борби или не, тројцата мажи имаат 30 дена да поднесат жалби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот