Неколкучасовниот дожд поплави дел од тетовските улици и тротоари

Неколкучасовните врнежи од дожд значително ги наполнија со вода одредени тротоари и улици во Тетово каде е редовна оваа појава откако ќе има подолотрајни временски неприлики. Дождот започна после 14 часот и траеше скоро до 17 часот.

-На кружниот тек на булеварите Маршал Тито и Благоја Тоска кај пазарот, како и при секој поинтензивен дожд поради неодлевање во атмосферска канализација водата опасност за возилата и препрака за нормално движење на пешаците, реагираат жителите на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од состојбата.

Слични вакви места во Тетово се повеќе, па така вода се собира на уште едно место на булеварот Благоја Тоска кај касарната, улицата 29 Ноември, во Горна Чаршија, околу спортскиот центар и Автобуската станица и други пред се помали улици.

Во Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово” велат дека постојано кога има малку повеќе дожд добиваат барања  да се интервернира на атмосферската канализација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот