Некои Хрвати во Австралија отворено го слават фашизмот – Слободен печат
ВестиРегион

Некои Хрвати во Австралија отворено го слават фашизмот

Низ Австралија постојат клубови, во кои се собираат повеќе од 43.000 Австралијанци родени во Хрватска и повеќе од 133.000 кои кажуваат дека имаат хрватско потекло.

Две знамиња се веат пред клубот на Хрватското друштво во западниот дел на Сиднеј – едното австралиско, а другото е на Независна Хрватска Држава (НДХ), фашистичка марионетска држава која во Втората светска војна била управувана од усташи, пренесува Балканинсајт.

Врамениот портрет на Анте Павелиќ, усташкиот диктатор кој надгледувал масовни убиства на националното малцинство (Срби, Евреи и Роми), стои гордо покрај мапата на Хрватска и портрети на хрватски генерали и осудени воени злосторници.

Изложени се и работи за продажба. Маици и дуксери со усташки амблеми и фашистичкиот поздрав „За домот спремни!“, може да се купат во различни големини, за деца и возрасни.

Низ Австралија постојат слични клубови, во кои се собираат повеќе од 43.000 Австралијанци родени во Хрватска и повеќе од 133.000 кои кажуваат дека имаат хрватско потекло.

Десетици илјади Хрвати по Втората светска војна и пропаѓањето на НДХ мигрирале во Австралија. Хрватска тогаш станала дел од Југославија.

Денеска оваа држава, која од 1991 е независна, а од 2013 и членка на Европската унија, се бори со растечкиот тренд на историски ревизионизам и величање на НДХ. Сличен, често и поекстремен тренд, може да се примети и кај хрватската заедница во Австралија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close