Нејмар предизвика раскол во соблекувалната на Барселона

EPA-EFE/NEIL HALL

Сагата околу Нејмар и неговиот трансфер во шпанскиот шампион продолжува и откако заврши преодниот рок, а каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека во соблекувалната на Барселона владее хаос.

Желбата на Нејмар да се врати во Барселона беше голема, тој понуди сам да доплати 20 милиони евра како дел од трансферот, а свои лични средства сакале да дадат и дел од фудбалерите на Барселона, пред се Лионел Меси и Луис Суарез.

Оваа идеја клубот ја одби бидејќи поголем дел од членовите на управата сметале дека понудите за Нејмар се високи и не сакале да дозволат да бидат уценувани од ПСЖ.

Но, идејата на Меси и Суарез предизвика дополнителни проблеми и раскол во соблекувалната. Поголем дел од фудбалерите ова го сфатиле како удар на најскапото летно засилување, Антоан Гризман поради што француските фудбалери но и Жерар Пике се спротивставиле на Аргентинецот и Уругваецот и застанаа на страната на Французинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот