Нејмар повторно ја тужи Барселона

Бразилецот по трет пат го тужи својот поранешен клуб.

Фудбалерот на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Нејмар, покрена уште еден судски спор против Барселона, овој пат бара 6.5 милиони евра. Ова е трет пат Бразилецот да го тужи својот поранешен клуб и вкупната сума која сега ја побарува од Барселона изнесува 30 милиони евра.

Тој смета дека каталонскиот тим му го должи овој износ и треба да му го исплати, додека од Барселона ги негираат обвинувањата. Се започна во 2017 година кога Нејмар си замина од Барселона и за сума од сè уште рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.

Нејмар смета дека Барселона е должна да му го исплати бонусот кој му беше ветен откако во 2016 година потпиша нов договор, додека каталонците не сакаат го исплатат бидејќи тој по само една година го напушти клубот иако имаше договор со 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот