Неизвесно е кога ќе се прска против комарци во Скопје

фото МИА

Сите постапки за спроведување на јавната набавка се започнати на време и во моментов се постапува по жалба за јавната набавка, па по завршување на сите постапки ќе се пристапи кон реализација на првото прскање.

Се уште не се знае кога ќе се спроведе првото прскање против комарци во Скопје, затоа што, како што велат од Градот, во тек е постапката за извршување на авионска и теренска дезинсекција, па откако таа ќе заврши, дури потоа ќе се прска.

-Постапката за извршување на авионска и теренска дезинсекција против комарци е во тек и по нејзиното завршување ќе се пристапи кон реализација на овие активности. Сите постапки за спроведување на оваа јавна набавка се започнати на време и во моментов се постапува по жалба за јавната набавка, и се чека на одлука од Државната комисија за жалби по јавни набавки по истата. По завршувањето на сите постапки веднаш ќе се пристапи кон реализација на првото прскање – велат од Градот.

Скопјани по социјалните мрежи веќе прашуваат кога ќе започне годинава прскањето, стравувајќи дека поради состојбата со коронавирусот, може да дојде до одложување на постапката. Минатата година првата дезинсекција против ларви од комарци се изврши кон крајот на април, а до есента беа спроведени повеќе фази на прскање и од воздух и од земја. Навременото започнување на уништувањето на комарците резултираше со тоа што минатото лето граѓаните немаа проблем со овие инсекти.

Сепак, сите се со надеж дека процедурите наскоро ќе завршат и дека во мај ќе започне прскањето. Граѓаните очекуваат дека нема да се повтори 2018 година, кога првата дезинсекција се спроведе дури на 2 јули кога комарците веќе ништо не можеше да ги сопре.
Тогаш градоначалникот Шилегов објаснуваше дека јавната набавка навреме била започната , но долго време не била завршена затоа што се испитувало дали средството што се користи за прскање е штетно за здравјето или не.

-Поради сомнение дека препаратите со кои се прска се штетни по здравјето на граѓаните, побаравме мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето. Во моментов во тек се административните постапки по што ќе се почне со аеросолното и терестичното прскање – изјавија тогаш од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.
Скопјани очекуваат дека годинава, во услови на голема претпазливот поради Ковид -19, нема да морат да се борат и со комарците, особено што веќе е утврдено кои средствата за дезинсекција се безбедни, па Градот годинава не треба да има никакво оправдување доколку задоцни со прскање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот