Нехамер: Австрија беше, е и ќе остане неутрална, членството во НАТО не е опција

Карл Нехамер / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Прага истакна дека членството во НАТО за Австрија не доаѓа предвид.

„Австрија беше, е, и ќе остане неутрална“, рече тој за време на посетата на Чешка.

Според Нехамер, не се поставува прашањето за членството на Австрија во НАТО, бидејќи, како што кажа, има сосема поинаква историја од Шведска и Финска. Тој потсети дека двете земји се прогласиле за неутрални и имаат заедничка граница со Русија.

„Затоа постои разбирање дека тие сакаат да се приклучат кон воената алијанса, но за Австрија тоа не доаѓа предвид“, нагласи Нехамер.

Канцеларот кажа и дека Австрија е целосно солидарна со Украина во рамките на ЕУ.

Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер, исто така, истакна дека секоја земја сама треба да одлучи дали ќе влезе во сојуз.

Во Австрија, посочи таа, состојбата уставно-правно е јасна и неутралноста е дел од Уставот.

Танер, исто така, кажа и дека „неутралноста е во срцата на Австријците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот