Нега на кожата според крвните групи: Што му годи на вашето лице и како да го негувате?

Фото: Профимедиа

Факт е дека на различните крвни групи им одговара различна исхрана и различен начин на живот, па не е ни чудо што постојат и неколку тајни за негувана кожа зависно од крвната група.

За убавината на кожата во голема мерка е одговорна крвната група, која го одредува вашиот тип на кожата, како и начинот на нејзината нега.

Крвна група А

Жените со крвна група А имаат кожа со мали пори која е склона кон потење и нема проблем со премногу мастење, што се однесува и на топлите месеци во годината. Може да се каже дека луѓето со крвна група А имаат малку постудена кожа.

Користењето на премногу козметички препарати може да биде голем стрес за кожата и за затнувањето на порите. Со оглед на тоа што луѓето со крвна група А имаат малку пониска базна температура, тоа значи и стегање на кожата, што може да предизвика лесни брчки, набори и линии, не само на лицето, туку и по целото тело, па затоа се препорачува да носите малку потопла облека, за кожата да не остари премногу брзо.

За овој тип кожа се препорачува користење на маслиново масло, затоа што токму витамините во него се најсоодветни за ваквиот тип на кожа.

Крвна група Б

За разлика од многу „благодарната“ кожа на луѓето кои во себе ја носат крвната група А, оваа крвна група е потполна спротивност. Лицата со крвна група Б имаат чувствителна кожа која е склона кон промени заради надворешните и внатрешните влијанија.

Имајќи предвид дека метаболизмот на лицата со крвна група Б е побрз, постои можност за полесно мастење на кожата, заради што се препорачува почесто користење средства за чистење на лицето и телото со блага киселост. Имено, пХ вредноста на тие луѓе се движи помеѓу 4,8 и 5,6 што значи дека оди кон кисела состојба, а користењето средства за чистење на кожата кои имаат благо кисела база ќе дадат најдобар ефект.

Избегнувајте ги ароматичните сапуни, а наместо нив користете благ пилинг за лицето.

Крвна група АБ

Луѓето коишто ја носат во себе оваа многу ретка крвна група може да се каже дека се многу среќни во својата кожа. Кожата на лицата со крвна група АБ има голема способност да се адаптира на различните услови и многу добро се прилагодува на интензивните сончеви зраци. Негативната страна на овој вид кожа е тоа што малку порано може да се видат знаците на стареење.

Кога се работи за негата, треба да ставите акцент на природната козметика, вклучувајќи ги домашно изработените препарати.
Избегнувајте да го миете лицето со „тврда“ вода, па наместо тоа набавете спреј за лице со минерална вода.

Луѓето со крвна група АБ често имаат проблеми со периферната циркулација, па постои можност од бледило на лицето, коешто можете со вистинската шминка да го претворите во своја корист.

Крвна група нулта

За кожата на лицата со крвна група нулта, најважен е добриот сон секоја ноќ, барем осум часа, бидејќи тоа е времето кога кожата најдобро се обновува. Ако во тоа не успеете, големи се можностите за проблеми со кожата и нејзино сушење. Исто така, ако е можно, на луѓето со крвна група нулта им се препорачува попладневна дремка, помеѓу 40 и 50 минути, не подолго од тоа. Ако во тоа успеат, сигурно нема да имаат толку проблеми со кожата, како што е можеби сега случај, поради проширените пори, зголеменото мастење, односно исушување.

Потребно е да избегнуваат средства во облик на пена, затоа што дополнително ќе ја исушат кожата. Наместо тоа, треба да користат благи кремови и гелови за чистење.

Се порепорачува користење кремови кои содржат СПФ фактор, затоа што кожата лошо ги поднесува УВ-зраците. Во лето не треба да излегуваат надвор без заштитен фактор 20, а во зима без фактор 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот