Нееколошкиот систем за греење во ООУ „Св. Климент Охридски” се менува со природен гас

Планот за чист воздух е план кој овозможува еколошка заштита и економска заштеда. 

Во Општина Бутел денеска почна имплементацијата и на третата мерка од Планот за чист воздух, која се однесува на замена на нееколошкиот систем за греење во ООУ „Св. Климент Охридски”. За таа цел денеска училиштето го посетија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалниот на Општина Бутел Велимир Смилевски.

Како што соопшти владината прес-служба, системот за затоплување на училиштето кој во моментов се користи, покрај тоа што е нееколошки, е застарен и во многу лоша состојба, а датира од 1971 година.

– Новиот систем за греење ќе користи природен гас како гориво, задоволувајќи ги највисоките еколошки стандарди. Со новопоставениот систем ќе се опслужува училишната зграда, спортската сала и помошен објект за деца од предучилишна возраст, се вели во соопштението.

Спроведувањето на оваа мерка, како што се наведува, ќе овозможи и создаде удобен простор за престој и работа на учениците и наставниците, ќе овозможи намалување на загубите и трошоците за енергија, но пред и сѐ, ќе влијае врз заштита на животната средина.

Планот за чист воздух е план кој овозможува еколошка заштита и економска заштеда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот