Не знае за притисок: Колку меч топки Ѓоковиќ спаси во кариерата? (ФОТО)

twitter/theusposts

Инаку, досега Србинот успеа да се извлече во 47 натпревари кога неговиот противник само еден поен го делеше од победа.

Српскиот тенисер во кариерата спаси 47 меч топки на мечевите и на тој начин дојде до 15. победи.

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ во петокот го совлада Гаел Монфис во полуфиналето на турнирот во Дубаи и тоа како во тајбрејкот на вториот сет спаси три меч топки на ривалот.

Ѓоковиќ така дојде до 15. триумф во кариерата во дуел во кој се соочуваше со меч топки на противникот.

Инаку, досега Србинот успеа да се извлече во 47 натпревари кога неговиот противник само еден поен го делеше од победа.

Еден од најважните триумфи во кои се соочил со меч топка на противникот е минатогодишниот ви финалето на „Вимблдон“ против Рожер Федерер.

Само на три меча Ѓоковиќ загубил кога имал меч топки, последниот беше во финалето на „Квинс“ против Марин Чилиќ во 2018. година.

Денеска е финалето во Дубаи помеѓу Ѓоковиќ и Стефанос Циципас, а најдобриот на АТП го брка третиот трофеј сезонава, откако претходно ги освои АТП Купот и „Австралија опен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот