Не работат ништо, а парите им пристигнуваат на сметка – Како се финансира британското кралско семејство?

profimedia
Профимедиа

Темелите на богатството на кралицата Елизабета датираат уште од 12-от век, а на тоа можеме да ги додадеме и акциите и културното наследство. Дел од кралското семејство приходи има според историскиот статус, а некои ги исплатува самата кралица.

Дури 320 граѓани на Велика Британија се побогати од кралицата Елизабета. Британското кралско семејство има повеќе извори на приходи, а кралицата „тежи“ 360 милиони фунти. Таа и нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, најмногу „заработуваат“ од своите имоти и парите кои ги добиваат од Парламентот. Милиони се слеваат во насока на остатокот од семејството.

Instagram
Instagram

Трите главни извори на приходите на кралицата се Кралската апанажа, Војводството Ланкастер и нивните имоти и инвестиции. Кралицата покрај тоа е сопственик на сите необележани лебеди, делфини и китови во кралството, и тоа од 12-от век иако од тоа, како што се шегуваат економистите и експертите за кралското семејство, веројатно не профитира многу.

Кралската апанажа е годишен приход од владата кој ги покрива трошоците за патување, репрезентации, осигурување, вработени, одржувањето на кралските палати и имоти. Кралицата добила 42.8 милиони фунти (ослободени од даноци) преку кралската апанажа за фискалната 2016-2017 година, а оваа сезона таа би требало да порасне на 76.1 милиони фунти со цел да се финансира и реновирањето на Бекингемската палата. Кралската апанажа се генерира од збирот на имотите и фармите кои годишно генерираат стотици милиони фунти. Повеќето одат во владата за трошење, но од 15 до 25 проценти одат во кралската апанажа.

Profimedia
Profimedia

Војводството Ланкастер е важен извор на приходи. Станува збор за приватни комерцијални, агрикултурни и резиденцијални структури кои датираат од 1265-та година. Минатата фискална година тие генерираа околу 19,2 милиони фунти за кралицата. Кралицата тоа го кристи со цел да си ги плати приватните трошоци и трошоците на членовите на кралското семејство кои преземаат дел од формалните должности.

Нејзин сопствен имот се дворецот во Балморал во Шкотска и Сандрингем близу Норфолк на истокот од Англија. И двата и се наследени од нејзиниот татко и кралицата ги третира како сопствен дом иако понекогаш се отворени и за јавноста. Кралицата исто така поседува и вредна колекција на поштени марки, бројни уметнички дела и портфолио на акции. Бројни кралски познати скапоцености и накит, како и уметнички дела всушност се во сопственост на „Royal Collection Trust”.

EPA - EFE
EPA-EFE

Сопругот на кралицата, принцот Филип, војводата од Единбург, исто така добива 359.000 фунти годишно со цел да ги финансира своите должности и трошоците за истите. Тој се пензионираше пред неколку години по шеесет години јавна служба.

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Престолонаследникот Чарлс исто така живее од комбинацијата од јавните финансии и приватните. Тој и неговата сопруга Камила имаат повеќе извори на приходи. Дури деведесет проценти од нивните приходи доаѓаат од Војводството Корнвол најстарото војводство основано во 1337-та година токму за да може да се заработи за благодарништвото и кралското семејство. Војводството Корнвол поседува и управува со бројни недвижнини и имоти, острови и фарми од кои заработува.

Instagram
Instagram

Во изминатата година Чарлс со семејството заработил 20,7 милиони фунти. Добиле и 1,3 милиони фунти од кралската апанажа, како и 461.000 од различни јавни институции. Тие пари и парите од апанажата ги трошат на плати за вработените, трошоци за патувањата и заштита. Околу 6,6 милиони фунти заминуваат на штедните книшки на децата на Чарлс.

Profimedia
Profimedia

Браќата Вилијам и Хари имаат и приватно богатство кое го наследиле од нивната мајка, починатата принцеза Дaјана. Како што пишува „CNN“ не е до крај јасно, како заработува остатокот од семејството. Кралицата освен Чарлс има уште три деца, а тие имаат свои деца и внуци.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот