Не носат маски, се гушкаат, излегуваат во полициски час: Дали за политичарите важат истите правила? (ФОТО)

Во неколку земји е забележано како политичарите не ги почитуваат рестриктивните мерки воведени заради спречување на ширењето на коронавирусот.

Доминик Камингс пред неговиот дом во Лондон / 26 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Случајот на Доминик Камингс, главниот советник на британскиот премиер Борис Џонсон, кој за време на забраната на движењето заради коронавирусот со фамилијата отпатувал од Лондон во северна Англија, предизвика бурни реакции во британската јавност, а слични примери се забележани и во уште неколку европски земји.

Доминик Камингс / 25 мај 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Тоа, како што наведува во анализата Еуроњуз, го наметнало прашањето: Дали за владеачката елита важат едни правила, а за обичниот свет други?

Доминик Камингс пред својот дом во Лондон пречекан од медиумите и лица кои протестираат/ 24 мај 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Покрај гневните граѓани и преставници на опозицијата, оставка од Камингс бараа и четириесет пратеници на Конзервативната партија на Џонсон, која овие денови бележи рекорден пад на популарноста.

Лео Варадкар, премиер на Р. Ирска / Мај 2020 / Фото: EPA-EFE/Photocall Ireland / POOL

Пред да кулминира овој скандал во Британија, во Република Ирска се појавија фотографии од премиерот Лео Варадкар на кои се гледа како тој за време на рестриктивните мерки со партнерот и пријателите ужива на пикник во еден парк, по што беше критикуван дека со тоа потенцијално дава лош пример за граѓаните.

Ирскиот министер ужива на пикник во познатиот парк Феникс во Даблин / Мај 2020 / Фото: Мирор

Австрискиот претседател со сопругата отишол во ресторан

Австрискиот претседател Ван дер Белен бил принуден јавно да се извини заради тоа што после заминувањето во еден ресторан тој и неговата сопруга го прекршиле полицискиот час, а и премиерот Себастијан Курц морал да упати извинување заради тоа што не носел заштитна маска додека за време на посета на едно село во близина на границата со Германија се наоѓал во група на луѓе.

Фото: EPA-EFE/DANIEL NOVOTNY

Лидерот на партија во Германија се гушкал со пријатели

Во Германија лидерот на либералната партија ФДП, Кристијан Линднер е виден како во ресторан се гушка со пријатели, очигледно игнорирајќи ја опасноста од зараза, по што јавно ја признал грешката.

Фото: Твитер

Полскиот премиер не носи заштитна маска

Во Полска на свеченост во знак на сеќавање на жртвите од авионската несреќа кај Смоленск, каде во 2010 година настрада и тогашниот претседател Лех Качински, премиерот Матеуш Моравјецки не носел маска, што во јавноста било карактеризирано како кршење на едно од правилата воведени заради пандемијата.

Фото: EPA-EFE/Marcin Obara POLAND OUT

Ниту претседателот на САД не планира да носи маска

Иако во САД има најголем број на регистрирани случаи со ковид-19, а исто така и најмногу смртни случаи, американскиот претседател Доналд Трамп упорно одбива да стави маска. Тој посвети неколку објави на твитер на оваа тема, а за американските медиуми во април изјави дека „не може да се замисли себеси“ со маска, како седи во Овалната канцеларија и ги поздравува светските лидери.

Трамп и Меланија не носат маски за врме на посетата во Кенеди Спејс Центарот / НАСА, Флорида / 27 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/BILL INGALLS / NASA /

Иако неговата сопруга Меланија Трамп на твитер го пишува спротивното, однсоно апелира да се носат маски, пред два дена и таа е забележана како не носи маска додека присуствува на презентација за вселенската капсула „Кру драгон” (Crew Dragon) и ракетата „Фалкон 9″  (Falcon 9) за мисијата на СпејсИкс, чие лансирање беше одложено поради силниот ветер.

Кенеди Спејс Центар, НАСА /  САД / 27 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/BILL INGALLS / NASA / 

Премиерот на Холандија 

Иако меѓу носителите на јавни функции списокот на прекршоци на рестриктивни мерки е се поголем, спротивен пример секако претставува холандскиот премиер Марк Руте, кој придржувајќи се на правилата за забрана на посета на домовите за нега на стари лица, не заминал да ја види својата мајка која била на смртна постела, наведува Еуроњуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот