Не го чувајте лакот на ноктите повеќе од 5 дена! Може сериозно да ви ги оштети ноктите – Слободен печат
ЕспресоМода

Не го чувајте лакот на ноктите повеќе од 5 дена! Може сериозно да ви ги оштети ноктите

Избегнувајте да ги лакирате ноктите ако пред тоа не сте нанеле база, бидејќи така се суши неговата површина, а со тек на време може да се појават и грди темни или пак жолти дамки. Нанесете ја базата на чисти и суви нокти.

За совршен изглед на ноктите никогаш не ја прескокнувајте базата за лак и пилинг, кои можете лесно да ги подготвите и во вашата кујна. Пред лакирање, добро исчистете ги ноктите од маснотии, а омилената нијанса секогаш нанесувајте ја во два тенки слоја.

Чистотата секогаш пред лакирањето

Лакот има свој „век на траење“ на ноктите. Отстранете го после максимум 5 дена бидејќи кога еднаш ќе почне да се лупи, истовремено го лупи и површинскиот слој на ноктот. Чекорот кој најчесто се прескокнува при домашниот маникир, а многу влијае на конечниот резултат е отстранувањето на маснотиите (од креми и слично) со памук и ацетон пред лакирање.

Затоа немојте да се чудите доколку маникирот не испадне баш како што сте замислувале.

За цврсти нокти без неправилности

Избегнувајте да ги лакирате ноктите ако пред тоа не сте нанеле база, бидејќи така се суши неговата површина, а со тек на време може да се појават и грди темни или пак жолти дамки. Нанесете ја базата на чисти и суви нокти, оставете да се исуши пред да го нанесете лакот.

Базниот лак ја измазнува површината на ноктот, ги покрива неправилностите, но придонесува и за нивно зајакнување, бидејќи го поттикнува произведувањето на кератин од што и е изграден ноктот.

Борбата со кутикулите започнува во тушот

Борбата со кутикулите околу ноктот можете да ја започнете уште при првото утринско туширање. Кожата околу ноктот ќе омекне од топлата вода, па затоа внимателно турнете ја кон назад со потопена крпа. После туширањето нанесете масло, дозволете да отстои неколку минути и потоа нежно исмасирајте го за да впие. Маслото се впива многу подобро од кремата. Ако сакате убаво обликувани нокти без лупење и пукнатини, послужете се со турпија, најдобро со стаклена, но секако е малку поскапа.

Пилинг од состојки кои веќе ги имате во вашата кујна

Вашите раце заслужуваат пилинг исто толку колку што и вашето лице и тело. Измешајте малку мед, неколку капки лимонов сок и лажичка морска сол па цврсто измасирајте ги неколку минути. После тоа нанесете пообилен слој на некоја помрсна крема. Хидратацијата секогаш правете ја пред лакирањето, така да не ви се случи да ги уништите штотуку лакираните нокти.

Безбојниот лак ги штити врвовите

Лакот се нанесува во два тенки слоја, а во три кратки и еднакви потези. После првиот слој причекајте две минути да се исуши. Завршете со безбоен лак кој ги штити ноктите и им дава здрав сјај. Врвовите кои се први на удар (пример: од валкани садови, тастатури и слично) можете исто така да ги премачкате со слој безбоен лак и уште повеќе да ги заштитите.

Никогаш полесен француски маникир

Добриот француски маникир ниту оваа сезона не е заборавен, а поедноставен него било кога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close