Не е сѐедно: Што да јадете ако сте прележале настинка, грип или ако сте земале антибиотици
По сезонските заболувања побрзо ќе закрепнете ако повеќе внимание ѝ посветите на исхраната. Не е сеедно што ќе јадете ако сте прележале грип, обична настинка или сте земале антибиотици.
Во текот на студените есенски и зимски денови многу лесно можете да „закачите“ грип, настинка или некоја посеризона инфекција. Но, ако внимавате на исхраната побрзо ќе го зајакнате организмот и ќе го донесете во нормална здрава состојба.
По грипот јадете црвено месо и внесувајте витамин Ц. За за закрепне вашиот организам потребни му се протеини. Затоа, цела недела по грипот јадете по 100 г месо за ручек и вечера, а како реузлтат на тоа, повеќе нема да чувствувате малаксаност во мускулите. Црвеното месо е богато со железо, но најдобро е наизменично да јадете и пилешко, риба и јајца.
Секако, се препорачува и варен зеленчук, пред сѐ, зелка и спанаќ. Исто така, секое утро, со појадокот пијте сок од свежо исцеден портокал или лимон, а по ручекот засладете се со најмногу четири коцки чоколада која ќе ви го обезбеди неопходниот дневен внес на магнезиум.
Ферментираното млеко и јаткастото овошје треба да се консумираат по прележаната настинка. За да го зајакнете својот имунолошки систем, неопходни ви се цинк, омега – 6 масни киселини и пробиотици.
Секој ден, на вашето мени треба да се најде барем еден производ богат со цинк, односно сирење, јајца и месо. Еден грст ореви, лешници или бадеми, или две лажици семки од сончоглед ќе му ја обезбедат на вашиот организам дневната доза на омега-6 масни киселини.
Ако десетина дена по настинката, секојдневно пиете јогурт збогатен со пробиотици и јадете по пет оброци овошје и зеленчук, оваа зима не треба да стравувате од настинка.
Меѓутоа, доколку сте морале да се лекувате со антибиотици, по завршената терапија јадете ориз, моркови и банана. За да заздрави желудникот , неколку дена јадете производи чии транзит низ цревата е забавен, како што се бананата, морковот, компотот или сокот од боровинки и бананите. Исто така, треба да пиете од два до три јогурта дневно за да ја обновите цревната флора која антибиотиците ја оштетиле.