Не е само зачин: Откријте ги сите благодети на целерот

Ако целерот ви служи само како додаток на супата или варивата и не ви паѓа напамет што да правите со него, крајно време е да научите нешто повеќе за овој неправедно запоставен зеленчук.

Најчесто има два вида целер – коренест и листест. Од коренестиот се користи само коренот, а листовите како зачин, додека од листестиот се користат крцкавите стебленца.

Прекриен со влакненца и со остатоци од земја, целерот не изгледа привлечно, но тоа не значи дека треба да го заобиколите. Во овој неугледен корен се крие богат и ароматичен вкус, кој ќе збогати многу јадења, а добар е и како прилог.

Целерот лесно се вари и има двојно помалку калории од компирот, а 100 г корен од целер содржи 40 калории. Одличен извор на витамини е, а останатите потребни минерали и витамини ги содржи во помали количини. Има диуретско дејство, а помага при надуеност и стомачни тешкотии.
При избор на корен од целер водете сметка да е цврст на допир, а ако има остатоци од стебленцето, мора да бидат свежи. Со стоење целерот губи боја и брзо оксидира, но губи и вредни нутритивни состојки, па не го купувајте сечен, туку изберете цел корен.

Ако купувате стебленце со листови, мора да бидат светлозелени и крцкави. Коренот од целер може да се чува во фрижидер неколку недели, а стебленцата во кесичка во фрижидер можат да стојат до една недела.

Целерот може да се јаде и суров, исечен на стапчиња како грицки, со некој сос или додаток на салата. Исечен на тенки ленти може да е главна или придружна состојка во разни јадења. Исечете го на коцки, сварете го со пире и тоа нема да биде веќе здодевен прилог. Печете го во рерна, додајте го на кремасти супи, ризото…

А ако сакате крцкав целер, направете чипс – коренот од целер исечете го на тенки листови, валкајте ги во брашно, потоа во јогурт, па пак во брашно и пржете ги во сад со длабоко масло. Посолете ги и сервирајте ги со некој освежителен сос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот