НЕ ЧЕКА КАТАСТРОФАЛНА ЕСЕН! Невреме, громови и поплави на Балканот

Американската компанија AccuWeather објави сезонска прогноза за оваа есен за Европа.

Според прогнозата, Американците предвидуваат невреме на Балканот и во Италија со силни дождови и можни поплави и свлечишта.

Како што ќе се приближува есента, ризикот од грмежи ќе се намали, но опасноста од обилни врнежи ќе продолжи.

Невреме се очекува во октомври и ноември, а температурите ќе останат близу или малку пониски од вообичаеното за овој период од годината.

Потенцијалното навлегување на ладен воздух од исток и север кон крајот на есента ќе донесе засилен снег од Унгарија и Романија до БиХ и Србија.

„Често нестабилното време ќе има негативно влијание врз земјоделството и надворешните активности во овој регион“, изјави метеорологот Тајлер Ројс.

За разлика од поголемиот дел од Европа, каде температурите може да се очекуваат над нормалата, можна е поостра транзиција на постудено време во источна Европа.

Есента може да започне со благи температури, но ладните воздушни струи се предвидува да бидат почести во октомври и ноември.

Најмногу врнежи се очекуваат во Украина.

Снежни врнежи се можни во ноември низ Источна Европа. Невреме се очекува и во Британија, Франција, Холандија и Данска.

За разлика од таму, Португалија и Шпанија ќе се соочат со неподнослива топлина, што ќе донесе ризици од пожари.

Во текот на септември ќе има топло и суво време, особено на југот на Франција, со ненадејни промени што се очекуваат во октомври поради невремето што доаѓаат од Атлантикот.

Областа од Франција до Полска ќе има блага есен без обилни врнежи од дожд – поголемиот дел од септември ќе биде околу 20 степени во Париз, Берлин и Варшава, со промени што се очекуваат кон крајот на ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот