НБА: Лилард броеше до 51 против Филаделфија! (ВИДЕО)

фото: твитер

Кошаркарите на Сан Антонио, Бостон, Портланд и Бруклин забележаа победи во НБА лигата, така што Спарси и Трејл блејзерси ги задржаа шансите за плеј-оф.

Екипата на Грег Попович го совлада Њу Орлеанс во директен дуел со 113:122 и ја задржа 10 позиција на табелата во Западната конференција.

Најдобар кај „мамузите“ беше Демар Дерозан со 27 поени, додека на спротивната страна кај „пеликаните“ се истакна Џеј-Џеј Редик со 31 поен, шест повеќе од Зајон Вилијамсон.

Портланд дојде до триумф благодарение на фантастичниот Демијан Лилард, откако плејмејкерот ја исправи грешката од претходниот дуел, кога беше трагичар.

Својата лутина после судирот со играчите на Клиперси, Патрик Беверли и Пол Џордан, имаше одлична партија од 51 поен (16/28 од поле), плус седум асистенции.

Го следеше Кармело Ентони со 20 поени и седум скокови, а во поразените редови најдобар беше Ричардсон со 34 поени.

НБА – резултати:

Њу Орлеанс пеликанс – Сан Антонио спарс 113:122
Бостон селтикс – Орландо меџик 122:119 после продолжение
Портланд трејл блејзерс – Филаделфија Сиксерс 124:121
Сакраменто кингс – Хјустон рокетс 112:119
Лос Анџелес клиперс – Бруклин нетс 120:129

Табела Источна конференција:
1. Милвоки бакс 55-15
2. Торонто репторс 50-19
3. Бостон селтикс 47-23
4. Мајами хит 43-27
5. Индијана пејсерс 43-27
6. Филаделфија Сиксерс 42-28
7. Бруклин нетс 34-36
8. Орландо меџик 32-39
9. Вашингтон визардс 24-46
10. Шарлот хорнетс 23-42
11. Чикаго булс 22-43
12. Њујорк никс 21-45
13. Детроит пистонс 20-46
14. Атланта хокс 20-47
15. Кливленд кавалирс 19-46

Табела Западна конференција:
1. Лос Анџелес лејкерс 51-18
2. Лос Анџелес клиперс 47-23
3. Денвер нагетс 46-24
4. Хјустон рокетс 43-25
5. Оклахома Сити тандер 43-26
6. Јута џез 43-27
7. Далас маверикс 42-30
8. Мемфис гризлис 33-38
9. Портланд трејл блејзерс 33-39
10. Сан Антонио спарс 31-38
11. Феникс санс 31-39
12. Њу Орлеанс пеликанс 30-40
13. Сакраменто кингс 29-41
14. Минесота тимбервулвс 19-45
15. Голден стејт вориорс 15-50

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот