НБА кошаркар може да заглави во затвор, фатен со повеќе од еден килограм марихуана

Монтрезл Харел/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Центарот на Шарлот хорнетс, Монтрезл Харел се фатен со голема количина марихуана поради што се соочува со неколкугодишна затворска казна.

Харел на 12 мај во Ричмонд бил запрен од полицијата која по извршениот претрес на неговото возило, му била пронајдена вакумирана кеса во која имало 1,3 килограм марихуана.

Според медиумите во САД, поради поседување на повеќе од еден килограм марихуана, НБА кошаркарот може да добие дури и петгодишна затворска казна, иако поверојатно е тој да биде казнет само парично.

Монтрезл Харел во 2020 година кога настапуваше за ЛА Клиперс беше прогласен за најдобар шести играч во НБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот