Навивачите во транс, Меси на вечера во Барселона

фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Лионел Меси кој минатото лето по 20 години поминати на „Камп Ноу“ потпиша за ПСЖ, вчера допатува во Барселона за да се сретне со своите пријатели.

Причина за неговото доаѓање беше роденденот на Чави Ернандез, поранешниот соиграч на Меси и актуелен тренер на Барселона. Покрај Меси и Чави, на вечерата присуствувале само уште Серхио Бускетс и Жорди Алба, со кои Аргентинецот исто така е добар пријател.

Оваа средба беше доволна за навивачите на Барселона да почнат да сонуваат, односно да се надеваат дека Меси би можел да се врати на „Камп Ноу“ иако такво нешто во време кога клубот има долгови од 1.5 милијарда евра, не е возможно.

– Односот на Меси со Чави и со Бускетс со години наназад е силен и добар. Меси беше еден од првите кои му честитаа на Чави кога стана тренер на Барселона и ќе ја користи секоја можност да биде во градот во кој помина 20 години од животот. Меси и понатаму ја сака Барселона, без разлика на начинот на кој си замина, неговата љубов и поврзаност со клубот се вечни – изјави новинарот Ашраф Бен Ајад кој е добар пријател со Аргентинецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот