Навивачите на Барселона имаат причини за радост, Меси се согласил да остане на „Камп Ноу“
Иако фановите на Барселона со нетрпение ја очекуваат веста дека Барселона и официјално ќе се повлече од Суперлигата, тие денеска ја добија најдобрата вест, Лионел Меси ќе потпише нов договор со каталонскиот тим.
Новинарот на ЕСПН, Кристијан Мартин, пишува дека Лионел Меси се согласил да остане во Барселона уште најмалку две години.
Договорот на Аргентинецот со Барселона истекува ова лето и се очекуваше да си замине откако минатото лето влезе во војна на збороти со претходниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.
Но, со доаѓањето на Жоан Лапорта на местото на Бартомеу, работите се сменија во позитивна насока, Барселона пред десетина дена триумфира во Кралскиот куп, а моменто се бори и за титулата во Ла Лига. На Меси му се допаѓа податокот дека Лапорта се врати на претседателската функција и веќе му исполни една желба, го договори Серхио Агуеро за следната сезона.
Меси од Лапорта барал гаранции дека ќе успее да состави тим кој ќе се бори за сите титули, и кога добил гаранции за тоа, се согласил да потпише нов договор со клубот во кој настапува целата своја кариера.