Научниците го открија праисториското потекло на кафето: Геномот на видот Арабика постои околу милион години

Фото: Ulrich Roth / imago stock&people / Profimedia

Истражувачите од Универзитетот во Бафало во Њујорк го открија геномот на видот Арабика и го следеа неговото потекло на природно вкрстување помеѓу две други видови кафе, до кое дошло пред околу 610.000 до еден милион години во шумите во Етиопија.

Истражувачите ги секвенционираа геномите на 39 сорти на Арабика, вклучително и примерок од 18. век, за да создадат досега најквалитетен геном на видот, чие научно име е „coffea arabica“.

Тие, исто така, открија специфичен регион од геномот кој може да биде клучен за размножување или генетски инженеринг за да се зголеми отпорноста на болести, пренесува „Ројтерс“.

„Арабика е една од водечките светски суровини, таа зазема голем дел од земјоделските економии на земјите каде што се одгледува. Кафето е богат извор на антиоксиданси и секако – кофеин, што ми помага мене и на остатокот од светот да останеме будни“, вели биологот Виктор Алберт, еден од водечките автори на студијата објавена оваа недела во списанието „Нејчр генетикс“.

Истражувањето покажа дека популацијата на кафето Арабика растела и опаѓала во текот на милениумите додека климата се загревала и ладела.

Прво го одгледувале луѓе во Етиопија и Јемен, а потоа ова кафе се раширило низ целиот свет.

„Кафето и човештвото биле тесно поврзани низ историјата. Во многу земји-производители, кафето Арабика е повеќе од култура, тоа е дел од традицијата“, вели еден од авторите на студијата Патрик Дескомб, виш експерт за геномика во „Нестле Рисрч“ и предавач на Швајцарскиот федерален институт за технологија.

Утврдено е дека Арабика има низок генетски диверзитет поради малата популација, а видовите подложни на штетници и болести може да се одгледуваат во ограничен број локалитети каде што климатските услови се поволни и ризикот од болести е помал.

„Истражувањето го отвора патот за нови пристапи за одгледување кафе, што на крајот ќе доведе до развој на нови сорти со подобрена отпорност на болести, климатски промени и со нови вкусови квалитети“, рече Дескомб.

Кафето е еден од најконсумираните пијалоци во светот и се проценува дека дневно се консумираат околу 2,25 милијарди шолји. Исто така, тоа е една од најтргуваните производи, а Арабика го претставува најголемиот дел од светското производство на кафе.

Арабика настанала, велат истражувачите, како природна хибридизација помеѓу два родителски вида – „coffea canephora“ и „coffea eugenioides“. Видот „coffea canephora“ се нарекува и кафе Робуста и неговиот геном е секвенциониран во 2014 година.

Робуста најчесто се користи во инстант кафето, додека Арабика се смета дека има супериорен и префинет вкус. Видот Робуста е автохтон во шумите на екваторијална Африка.

„Исто така, Робуста е позната по тоа што е прилично отпорна на големи штетници и болести на кафето – оттука и неговото име Робуста, поради робусноста“, рече Дескомбс.

Видот „coffea eugenioides“ расте на големи надморски височини во Кенија.

Примерокот од 18. век, секвенциран во студијата, бил од примерок складиран во Лондон, користен од шведскиот натуралист Карл Линеус за да го именува видот на кафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот